Наши услуги

Истражувања и ресурси

Комбинираме најсовремени ин-ситу методи за тестирање и напредни алатки за моделирање за да ја оцениме отпорноста на конструкции и инфраструктура. Нашите сениор-инженери и истражувачи вршат независен „супер-преглед“ на проектната документација (MPS) и теренски инспекции на конструкцијата(MIS-1/MIS-2), користејќи напредни NDT техники и ин-ситу сензорски системи за верификација на материјалите, димензиите и усогласеноста со стандардите/кодови.

Анализа и проектирање:

Еврокодови (вкл. EC8), стратегии за зајакнување, постпожарна проценка и враќање во употреба, криви на ранливост и ризик, дигитални близнаци.

Дијагноза и тестирање

Склерометар, локатор на арматура за заштитен слој и идентификација на шипки, ултразвучни испитувања, термовизија, геофизика (рефракција/MASW), проверки на дебелина на челик и корозија.

Мониторирање:

SHM базиран на MEMS, вибрационо/амбиентално модално тестирање, праговни аларми.

МПС

Проверка на пресметките на конструктивниот проект за одобрение за градење.

МИС-1

Стручна оценка за квалитетот на конструкцијата во текот на градбата (≈50% изведеност).

МИС-2

Конечна оценка на квалитетот на конструкцијата за технички прием.