Проекти
Преглед на истражувањето и соработката со индустријата
Институтот има реализирано бројни национални и меѓународни истражувачки проекти, како и значително портфолио на проекти насочени кон индустријата. Подолу се прикажани дел од нашите завршени проекти.
Го паметиш ли?
ИСОГКП развива нов начин за собирање податоци за земјотреси. Клучната претпоставка на техниката е дека спомените на луѓето кои преживеале катастрофални земјотреси никогаш не се бришат. Податоците од DYRI можат да обезбедат вредни информации за карактеристиките на минатите катастрофални земјотреси и за оштетувањата на објектите, како и за тоа колку рационално се однесувале оние што ги доживеале тие земјотреси. A key assumption of the technique is that the memories of people who survived catastrophic earthquakes are never erased. Data from the DYRI can provide valuable information about characteristics of past catastrophic earthquakes, and building damage, as well as how rational those who experienced those earthquakes were.

1999, Турскиот земјотрес
Памфлет за прашалникот за земјотресот.

Земјотрресите во Хрватска од 2020
Прашалникот ќе ни помогне да разбереме колкусе свесни за земјотресите.

Турскиот земјотре од 2023, М=7.8
Да разбереме како билочувството на преживеаните за волку силен земјотрес.
Пожарот на мостот „Беласица“
претстави критичен предизвик во оценката на интегритетот на преднапрегнат бетонски мост по настан со високи температури. Оваа студија ги претставува методологиите применети за оценка на оштетувањата предизвикани од пожар и за утврдување на потребата од санација. Беа применети сеопфатни пристапи — визуелни инспекции, неразорни испитувања, разорни испитувања и пробно (опитно) оптоварување — во комбинација со напредно конечно-елементно моделирање за симулација на состојбите пред и по пожарот.

Полиуретан & полиетилен
Сегмент од цевковод со изолациски материјал што се воспламени за време на пожарот.

Отпаѓање
Concrete spalling from the underside (soffit) of the box slab.

Оштетување
до поврзната плоча и вертикалните ребра на сандак-гредите.

Лежиште тип NeotopF
Само делови од гумената "кецеља" беа изгорени, што упатува дека лежиштата не биле изложени на подолготраен пламен.

Одстранување на јадро
Пет цилиндрични јадра беа успешно извлечени од најоштетените зони на бетонската поврзна плоча.

Пробно товарење на мост
Асиметрична товарна комбинација.
Постпожарна проценка на конструктивниот интегритет на Универзална сала – Скопје.
За време на завршните фази од реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, избувна пожар во заостанатите делови од старата кровна конструкција. Проценките врз основа на визуелните обрасци на оштетување, деформациите на одделни профили и познатите карактеристики на согорување на преостанатите материјали сугерираат дека максималните површински температури на челикот во најзасегнатите зони можеби достигнале приближно 550°C до 600°C.

Пожар
Помеѓу 30 и 40 минути поминаа од избувнувањето на пожарот до неговото целосно гаснење.

Неоштетени елементи
Прави елементи што не покажуваат деформации од пожарот.

Умерено оштетени елементи
Елементи со видливи деформации.

Врски со штрафови
Оштетени од пожар споеви меѓу главните ребра и прстенот.

Многу оштетени елементи
Заради деформации и нарушен структурен интегритет, елементот бара замена.

Набабрен елемент
убење на стабилност на еден хоризонтален елемент.
Се грижиме за вашата сигурност
Покрај нашите истражувања во земјотресно инженерство и климатски промени, соработуваме со индустријата—спроведуваме проектантски ревизии (MPS) и инспекции на лице место (MSZ-1 и MSZ-2)—преку кои ја исполнуваме мисијата за постигнување сеизмички отпорни објекти. Подолу следи извадок од нашите теренски инспекции.

Повеќекатница во Дебар
MPS-2 inspection, required for the technical acceptance (final approval) of the building.

МИС-1
Инспекција на лице место беше спроведена за време на поставувањето на оплата за армирано-бетонските столбови на првиот кат. Постапката беше проверена за вертикалност, порамнетост и усогласеност со конструктивните цртежи.

440kV трансворматор
Инспекцијата беше спроведена за време на поставувањето на 440 kV трансформатор за да се провери усогласеноста со проектните спецификации, барањата за заземјување и конструктивното анкерирање.

Санација
Зајакнување за безбедност и отпорност.

10mW фотоволтаична централа
Одржливо „зелено“ технолошко решение, инсталирано на претходно необработливо земјиште, што го претвора неупотребливиот терен во извор на чиста енергија.

МИС-2
Инспекцијата на челичната хала беше спроведена за да се провери усогласеноста со проектните спецификации.

Магацин оштетен од пожар во Тетово
Армирано-бетонска греда со тешко конструктивно оштетување и целосна деградација на арматурата.

МСЗ-1 во Куманово
Инспекција беше извршена на префабрикувана, преднапрегната индустриска хала за да се оцени усогласеноста со барањата на конструктивниот проект, толеранциите при монтажа и квалитетот на преднапрегањето.

Humanities
The study of ancient and modern languages, philosophy, history, and more.

Геофизички мерења
Мерења беа спроведени за да се проценат подповршинската структура и геотехничките услови на локацијата.

Електрична спроводливост на почвата
Испитувања на резистивност (електрична отпорност) на почвата беа спроведени како дел од геофизичките истражувања, со цел да се обезбеди соодветно електрично заземјување и да се карактеризираат почвените слоеви.

Ветерна турбина
MIS-2 инспекција на темелот и контактот меѓу темелот и подножјето на столбот.